Лажни дојави за бомби ја испразнија загрепска Арена: Уште ова ни фалеше!

by Фокус

Арена Центар во Загреб беше целосно евакуирана поради дојави за бомби. Вработените и посетителите го испразнија центарот по известувањето, а полицијата излезе на терен за да работи по пријавата.

-Дојавата беше за можна експлозивна направа, полицијата се уште проверува“, првично рекоа од полицијата во Загреб.

По извршената потрага, загрепската полиција не пронајде експлозивна направа. Додека траеше претресот на трговскиот центар, изјава за медиумите даде градоначалникот Томислав Томашевиќ.

-Доколку се утврди дека се работи за лажна дојава, очекуваме полицијата да ја фати таа будала која игра со нервите на граѓаните на Загреб и да ја изведе пред суд. Луѓето се со тенки нерви, во Украина има војна, дрон се урна среде град, само уште ваква работа ни требаше – рече Томашевиќ.

Поврзани новости