687
Македонскиот ракометар Кирил Лазаров во интервју за „Вечерњи новости“ откри дека ова му е последна сезона како играч, по која ќе се пензионира.
-Имам договор на уште една година и мислам дека тоа ќе биде крајот, нема повеќе смисла. Ќе останам во спортот како тренер. Кога веќе играм за Нант ќе играм и за македонската репрезентација, рече Лазаров.