Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров најави силни подготовки во пресрет на Светското првенство 2023. „Црвено-жолтите“ ќе играат во група со Норвешка, Холандија и Аргентина.
– Не очекува Светско првенство на кое ќе настапиме доста подмладени. Можеби ни фали малку искуство за вакви турнири, затоа што квалификациски натпревари се едно, а турнирски натпревари на големи натпреварувања друго. За три дена ќе бидеме комплетни. Имаме многу тешка група. За Норвешка не треба да се делат комплименти, Холандија е во страшен подем, а Аргентина има направено многу проблеми и на големи репрезентации. Кај нашите ракометари постои голема мотивираност и одлучност да се даде максимумот на теренот. Самиот пласман на Мундијалот е успех, но ние ќе направиме се да се пласираме во втората фаза. Аутсајдери сме, но знаеме да изненадиме. Во подготвителниот период ќе играме со силни противници како што се Црна Гора, Хрватска, Израел.
Светското првенство 2023 ќе се игра во Полска и Шведска од 11 до 29 јануари.