611
Македонската ракометна репрезентација вечерва ја победи Украина во воведниот натпревар од Европското првенство со 26-25.
Иако Македонија имаше водство во текот на речиси целиот натпревар, кое на два пати достигна и 5 голови разлика, сепак крајот беше драматичен.
Во последните секунди одговорноста ја презеде капитенот Кире Лазаров и постигна гол од девет метри за победа.