Лазаревски: Ме ставија во самица бидејќи ја одбив спогодбата за „ Пуч“

by fokus

Шест години затвор му понудил обвинителот Златко Биковски на Ѓорѓи Лазаревски изнудувајќи негово признание за предметот „Пуч“, односно дека тој заедно со Звонко Костовски, Зоран Заев, Зоран Верушевски и уште неколкумина нелегално прислушувале за потребите на странски служби.

Лазаревски вели дека спогодбата ја потпишал во обвинителството, но тоа не го сторил пред судијата на претходна постапка.

-Кога обвинителот ми ја покажа спогодбата која ја потпиша Звонко Костовски, и кога видов за кои кривични дела го гонат, знаев дека нема да одговарам за случајот. Тогаш сфатив дека се сменија улогите, дека јас немам сторено кривично дело, а тој човек пред мене, обвинителот направил тешко кривично дело. Се почуствував како полицаец провокатор и побарав и за мене спогодба. Ми понуди шест години затвор и јас без приговарање прифатив и потпишав. Тоа е клучен доказ за постапувањето на обвинителот, рече Лазаревски.

Тој додаде дека од збор до збор спогодбата била иста со онаа на Костовски, со разлика на казната.

Кога Лазаревски бил однесен кај судијата на претходна постапка ја свртел играта.

-Демонстративно ја одбив спогодбата пред судијата на претходна постапка дека обвинителот ме тера да прифатам туѓо кривично дело, мослам за нелегалното прислушување, а за шпионажата не се плашев бидејќи тоа беше магла за прикривање кој точно прислушувал, рече Лазаревски.

Потоа како што рече добил закани и веднаш бил ставен во самица.

Поврзани новости