Лазаревик за „Фокус“: Не смееше да се дозволи во 21 век толку лоша кампања за вакцините

by Fokus

Голема грешка е тоа што светот дозволи да се направат толку големи конспирации поврзани со вакцинирањето. Ова е веројатно глобално најкастрофалниот начин, на кој се има водено една кампања за вакцинација, вели експертот по јавно здравје Владимир Лазаревик во интервју за „Фокус“.

„Теорите на заговор, бесмислиците кои цирклуираат низ социјалните медиуми направија атмостфера на недоверба кај многу граѓани посебно во нашиот регион, со што ги уплашија луѓето да се вакцинираат. Тоа неминовно доведе и се уште ќе води кон последици по здравјето на милиони луѓе насекаде низ светот.

 

Тој антиваксерски амбиент нема да се промени едноставно.

Но, тоа е глобална грешка, последица на времето во кое живееме, каде социјалните медиуми се главниот канал кој може да шири бесмислици до незамисливи нивоа. И тие бесмислици ги читаат сите и се креираат силни лични ставови, кои многу тешко ќе се променат.Мислам дека на глобално ниво ќе мора да се направи многу за да се промени оваа состојба“, истакна Лазаревик.

Според него и меѓу лекарите има доста антиваксери, но се тоа е под влијание на притисокот на кој се изложени.

Лекарите живеат во истиот регион и се изложени на истиот притисок од глобални конспирации, завери и што се уште не. Но, тоа не е од сега, и не е поврзано само со короната. Сега е само малку повеќе засилено поради социјалните медиуми. Јас се сеќавам дека кога имаше пандемија на свински грип, некаде 2009 година го однесов мојот син, кој беше бебе од неколку месеци да го вакцинирам.

 

Кога влегов во здравствениот дом во една скопска населба, сите тотално зачудено ме гледаа, како тоа сум се решил да го вакцинирам, а тој е само бебе. Мислам што повеќе да кажам. Филип ја преживеа таа вакцина против свински грип, сега има 13 години и нормално дека е вакциниран од корона“, вели Лазаревик.

Ирена МУЛАЧКА

НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК

 

Поврзани новости