Лавров: За проблемите на Балканот виновен е Западот, влечат корени уште од распадот на Југославија

by Fokus

За сите проблеми што настанале години наназад на Балканот виновен е Западот, рече рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров на денешната прес-конференција.

На прашањето како гледа Русија на тоа што ѝ се врши агресија на Македонија од страна на Бугарија, Лавров рече дека не е голем експерт во македонско-бугарските односи, но нагласи дека проблемите во регионот влечат корени од Западот, односно по распадот на Југославија.

„Коренот на сите балкански проблеми лежи во однесувањето на западните сили, особено за државите од поранешните југословенски држави. Се сеќавам дека со години Македонија беше нарекувана Поранешна југословенска Република Македонија и ова беше понижувачко име, а знаеме и што се случи со името Северна Македонија. Се сеќавам и дека претседал на македонското Собрание имаше фотографии со албанско знаме, направени во канцеларијата во Парламентот, рече Лавров.

Според рускиот дипломат ОБСЕ нема ништо за славење во ситуација кога на многу места се нарушени човековите права кои се важни само кога тоа му одговара на Западот.

„Годишнината на ОБСЕ не треба да се слави поради деградацијата на полето на безбедноста, економијата и човечките права, а говорот на колегите министри на Самитот во Скопје е доказ дека западните политичари не ја научиле лекцијата, наглсси Лавров.

Министерот за надворешни работи на Русија денеска имаше една од најпосетените прес-конференции на Самитот на ОБСЕ во Скопје. Тој говореше за двојните стандарди на Западот, за војната во Украина, за однесувањето на Бугарија кон Македонија, како и за Албанците во земјава.

Поврзани новости