864
За ситуацијата во Белорусија, Русија ќе се води од меѓународното право и постојните билатерални обврски меѓу Москва и Минск, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пред студентите и професорите на московскиот универзитет МГИМО.
-Ние многу јасно го искажавме нашиот став-ќе бидеме водени од меѓународното право и обврските што постојат меѓу нас и Република Белорусија. И се разбира, би сакале луѓето во Белорусија да можат сами да ги решаваат своите проблеми, без никакво странско мешање – порача Лавров.