1
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска во Техеран се сретна со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, како и со неговиот ирански колега Абас Аракчи, со кого разговараше за повеќе прашања, меѓу кои нуклеарната програма на Техеран, контактите меѓу Москва и Вашингтон, како и за ситуацијата во Сирија.
Лавров на Пезешкијан му ги пренел и топлите поздрави на рускиот претседател Владимир Путин и го информирал за напредокот во спроведувањето на договорот за стратешко партнерство што Москва и Техеран го потпишаа во јануари, пишува Риа Новости.
По разговорот со Лавров, Аракчи рече дека Техеран нема да преговара со САД за нуклеарниот договор се додека Вашингтон ја продолжи политиката на максимален притисок врз Иран.