2
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров планира да ја посети Малта во декември за да учествува на состанокот на Министерскиот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).
Тоа ќе биде прва посета на Лавров на земја членка на ЕУ откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година, објави денеска весникот „Ведомости“, повикувајќи се на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Амбасадата на Малта во Русија потврди за руски весник дека одлуката да се одржи состанок на Министерскиот совет на ОБСЕ на тој остров „важи за сите членки, вклучително и за Руската Федерација“.