Рускиот министер за надворешни работи Лавров ги нарече опсесија обидите на западните земји да им забранат на руските партнери да се фотографираат со него и рускиот претседател Путин.
За време на заедничката прес-конференција со египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри во Каиро, Лавров ја цитираше изјавата на германската министерка за надворешни работи Аналена Бурбок дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој е претседател на земја членка на НАТО, „си дозволил да се фотографира со Путин во Техеран. “, пренесува РИА Новости.
Шефот на руската дипломатија тврди дека пред неговата посета на Каиро, претставниците на САД, Франција, Германија, Велика Британија и ЕУ побарале од Лигата на арапските држави да ги осуди сите дејствија на Русија, а особено да не потпишува никакви документи или да се фотографираат со него.
-Тие се опседнати со фотографиите . Ова веќе не е прашање од сферата на дипломатијата, туку е уште една гранка на медицината која се занимава со проучување на човечкиот организам“, рече Лавров.
Претходно, портпаролката на руското МНР Марија Захарова, изјави дека американските дипломати бараат од нивните странски колеги да не се фотографираат со Лавров и оцени дека претставници на Стејт департментот на овој начин се обидуваат да ја демонстрираат наводната изолација на Русија.
Лавров во рамките на африканската турнеја отпатува во Египет, а потоа ќе ги посети Етиопија, Уганда и ДР Конго.