Лавров: Целта на Русија веќе не е само Донбас

by Fokus

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека географските задачи на „специјалната операција“ во Украина се променети и оти тие сега ја опфаќаат не само територијата на Донбас, туку и бројни други територии, пренесе Бета.

– Географските задачи на руската специјална воена операција во Украина се сменија – веќе не се работи само за Луганск (ЛНР) и Доњецката Народна Република (ДНР). Една од причините за тоа е испораката на американските повеќецевни ракетни лансери HIMARS на Киев“ рече Лавров во интервју за државната агенција РИА Новости и Раша Тудеј (РТ).

Поврзани новости