Лавров стигна во Њујорк – првпат од почетокот на конфликтот во Украина, Зеленски и руски претставници на иста маса

by Fokus

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пристигна во Њујорк, каде на високо ниво ќе учествува на отворањето на Генералното собрание на ОН, пренесува „РИА Новости“.

Лавров последен пат го посети Њујорк во април, за време на руското претседателство со Советот за безбедност на ОН.

Во пресрет на актуелната посета, руското Министерство за надворешни работи соопшти дека распоредот на министерот е „многу зафатен и постојано се проширува“.

Според зборовите на постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензје, Лавров освен на билатерални средби ќе учествува и на низа мултилатерални настани преку БРИКС, ОДКС и Групата пријатели за одбрана на Повелбата на ОН.

Предвидено е министерот да се сретне и со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Медиумите претходно објавија дека на истиот состанок на Советот за безбедност на ОН ќе учествува и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Ова ќе биде првпат од почетокот на војната Зеленски и руските претставници да бидат на иста маса.

– Реално ја оценуваме оваа средба, како и сите други политизирани западни иницијативи за украинската криза. Оценката е нула. Ова ќе биде уште едно шоу во кое главната улога ќе му биде доделена на украинскиот претседател – изјави претходно Небензја.

Поврзани новости