Настаните во Македонија се грубо контролирани однадвор, уште еднаш обвини Русија, овојпат преку министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.
– Груевски е обвинуван дека не си ги извршува обврските кон општеството дека злоупотребува власт, но зад ова тврдење се крие одбивањето на македонската влада да го поддржи санкциите на ЕУ против Русија и поради „Јужен поток“ , како и подготвеноста на Скопје да учествува во „Турски поток“ . Тоа е многу тажно и опасно, бидејќи се прави обид да се активира албанскиот фактор. Пред извесно време, кога во 2001 година беше потпишан Охридскиот договор, имаше сериозни контроверзии. Сега се покренува темата дека Македонија треба да се федерализира и дури се изрази идеја за територијална делба, како се дадат земјиште на Албанија и Бугарија – изјави Лавров.