110
Министерот за надворешни работи пред малку слета на Аеродромот во Скопје, придружуван од бројна руска делегација.
Фотографии од неговото пристигнување се објавени на официјален профил на социјалната мрежа Х на руското министерство за надворешни работи. Лавров го пречекал рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Баздникин.
Лавров доаѓа на 30тиот Министерски совет на ОБСЕ кој до петок се одржува во Скопје, но откако си замина американскиот државен секретар, Ентони Блинкен.
Поради неговото доаѓање, Украина, Летонија, Литванија, Естонија и Полска на самитот наместо со министри за надворешни работи, ќе бидат претставени само со делегации.