Лавров се закани: Русија нема да ја паузира воената операција во Украина за нови рунди мировни преговори

by Fokus

Русија нема да ја паузира воената операција во Украина за нови рунди мировни преговори, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Руските власти рекоа дека мировните преговори со Украина не напредуваат толку брзо како што би сакале и го обвинија Западот дека се обидува да ги поткопа преговорите обвинувајќи ги руските сили за воени злосторства, што Москва го негира.

Во интервју за руската државна телевизија, Лавров рече дека не гледа причина да не ги продолжат разговорите со Украина, но инсистираше на тоа дека „Москва нема да ја прекине својата воена операција кога двете страни повторно ќе се сретнат“.

Лавров рече дека „рускиот претседател Владимир Путин наредил суспензија на воената операција за време на првиот круг од преговорите кон крајот на февруари, но ставот на Москва оттогаш се променил“.

„Откако се уверивме дека Украина не планира да одговори со иста мерка, беше одлучено дека во текот на следните рунди преговори нема да има пауза (во воената акција) додека не се постигне конечен договор“, рече Лавров.

Поврзани новости