Лавров: САД и НАТО учествуваат во војната во Украина

by Fokus

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека САД и НАТО се учесници во војната во Украина поради помошта што ја даваат на Киев, обвинувајќи ги дека обучуваат украински војници на нивна територија.

Лавров на прес-конференцијата рече дека Вашингтон и Северноатлантската Алијанса се вклучени во војната бидејќи ја снабдуваат Украина со оружје и ѝ обезбедуваат воена обука на своја територија.

– Не кажувајте дека САД и НАТО не учествуваат во оваа војна – вие директно учествувате. Вклучувајќи не само испорака на оружје, туку и обука на војници – вие обучувате (украински) војници на вашата територија, рече тој.

Поврзани новости