450
Русија се солидаризира со српскиот народ во одбраната на резолуцијата 1244 и сите принципи договорени во Советот за безбедност на ОН, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров говорејќи за ситуацијата на Косово..
Тој рече дека Москва има редовни контакти со Белград по ова прашање.
„Се солидаризираме со српскиот народ во однос на неговата позиција да се придржува до резолуцијата 1244 и сите оние принципи за кои меѓународната заедница се согласи и одобрени во ОН“, изјави на рускиот министер за надворешни работи Лавров. .