Лавров: Русија нема да дозволи да ја исфрлат, доброволно ќе излезе од СЕ

by fokus

Русија доброволно ќе излезе од Советот на Европа доколку нејзините непријатели инсистираат на нејзино исфрлање, изјави денеска министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Ако сакаат да ја исфрлат Русија од Советот на Европа, нема да им го дозволиме тоа задоволство, истакна Лавров.

Според него, присуството на Русија во Советот на Европа не е толку важно за Русија колку што е за европските држави.

– Тоа е мојот цврст став. Се придруживме на Советот на Европа откако не убедија дека целта е обезбедување заеднички, универзално правен и хуманитарен простор на Европа, истакна Лавров.

Поврзани новости