629
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров даде ексклузивно интервју за Би-Би-Си во кое го бранеше нападот на Москва врз Украина и ја нападна Велика Британија.
„Русија не е целосно чиста, но Русија е она што е. И ние не се срамиме да покажеме кои сме. Не ја нападнавме Украина, објавивме специјална операција бидејќи немавме апсолутно никаков друг начин да му објасниме на Западот дека вовлекувањето на Украина во НАТО е криминален чин“, рече тој за причините за нападот врз Украина.