Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров е пренесен во болница откако претрпел здравствен проблем по неговото пристигнување на самитот на Групата 20 на Бали, соопштија индонезиските власти на 14 ноември.
Тројца индонезиски владини и медицински претставници за Асошиејтед прес изјавија дека рускиот дипломат се лекува во одморалиште на островот. Тие одбија да бидат идентификувани, бидејќи не биле овластени јавно да разговараат за ова прашање. Двајца од луѓето рекоа дека Лавров се лекува од срцева болест.
Лавров го демантираше извештајот на американската агенција АП дека бил префрлен во болница поради срцева болест, укорувајќи ги западните новинари за, како што рече, лажно известување, пишува Ројтерс.
АП, повикувајќи се на индонезиски официјални лица, соопшти дека Лавров бил префрлен во болница по пристигнувањето на островот Бали на самитот на Групата 20.
-Ова, се разбира, е врв на фалсификат, рече портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова.