Лавров: Ограничувањата на руските медиуми се политичка цензура

by Fokus

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денеска дека ограничувањата на работата на руските новинари во голем број држави е обид да се воведе политичка цензура.

– Постои непријателска атмосфера и недоверба кон руските медиуми во голем број земји, истакна Лавров на конференција посветена на слободата на медиумите.

Како што истакна, шефот на руската дипломатија не поддржува забрана за работа на странски медиуми, меѓу кои е и Дојче веле, кои работат во Русија иако Парламентот во Москва го обвини германскиот медиум дека го прекршил изборниот молк и побара од руското МНР да му биде забрането да работи.

Поврзани новости