Лавров: Нема повеќе заеднички проекти со ЕУ

by Фокус

Во интервју за руската државна новинска агенција, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија повеќе не планира да започнува заеднички проекти со Европската унија, имајќи предвид дека Западот практично води хибридна војна против Москва.

Како што вели, односите меѓу Москва и ЕУ се на историски ниско ниво од, како што рече, познати причини.

-Набргу по започнувањето на „специјална воена операција“, Брисел тргна по стапките на САД и НАТО во хибридна војна против нас. Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, беше еден од првите кои повикаа на пораз на Русија на бојното поле – истакна Лавров.

Тој додаде дека веќе нема да биде „бизнис како и обично“ со таквите актери.

-Немаме намера да тропаме на затворени врати, ниту да започнуваме некакви заеднички проекти. Фала му на Бога, светот за нас не е само Европската унија и ние имаме многу пријатели и истомисленици на други места – рече тој.

Лавров ги осуди владејачките елити во ЕУ дека им наштетуваат на виталните интереси и благосостојбата на нивните граѓани.

-Тие го следеа антитурското раководство на хегемонот преку океанот речиси целосно послушно, а понекогаш дури и надминувајќи ги САД – рече тој.

Поврзани новости