128
Бујар Османи – шефот на македонската дипломатија попладнево на маргините на Министерскиот совет во Скопје остварил средба со идниот претседавач на Организацијата, министерот за надворешни работи на Малта, Иан Борг. На средбата присутен бил рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
Информацијата и фотографијата од средбата е објавена на фејсбук-профилот на Амбасадата на Русија во земјава, а под неа пишува:
„Сергеј Лавров со министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Малта – сегашен и иден претседавач на ОБСЕ“.
Нема подетални информации што се разговарало на средбата помеѓу актуелниот, идниот претседавач со ОБСЕ и рускиот министер Сергеј Лавров.