Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров побарал да дојде на министерскиот самит на ОБСЕ во Скопје. Тој му испратил писмо на министерот за надворешни работи Бујар Османи со одредени барања.
„Добив писмо пред неколку денови од рускиот министер за надворешни работи во кое тој изразува барање да се обезбеди негово присуство во Скопје. Има одредени предизвици околу тоа барање зашто воздушниот простор на Северна Македонија и на нашите соседи е затворен за руски државни летови така што тука треба да се направат логистички напори… Инаку, по правило, сите земји членки треба да присуствуваат на овој Совет на ОБСЕ, но сепак тоа ќе зависи од одлуките што ќе се донесат во наредните денови. Се надевам дека сите ќе успееме да бидеме во Скопје“, рече Османи.