„Нашата цел е да се ослободиме од нацистите во Украина“, рече рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, додавајќи дека преговорите меѓу украинските и руските сили ќе се одржат денеска.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров одржува прес-конференција на која присуствуваат и странски новинари.
– Сигурен сум дека нашите партнери од Западот ќе се смират и ќе бараат решение преку дијалог. Западот не треба да одлучува за нашата безбедност, рече Лавров. – Западот се обидува да ни ја наметне сопствената слика за иднината на Европа, додаде тој
На прес-конференција Лавров ја спореди Америка со нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер.
– Америка им диктира на Германците што е добро за европската енергетска безбедност. Тие велат дека не им треба гасоводот Северен тек 2 и тврдат дека Америка ќе обезбеди енергетска безбедност, која е неколку пати поскапа, рече Лавров.
– Наполеон и Хитлер имаа за цел да ја стават цела Европа под своја контрола. Сега Американците сакаат да го направат тоа, рече тој.
– Во филмовите имате слика за апсолутно зло и апсолутно добро. Глобалната слика е слична. Верувам дека хистеријата ќе престане, рече Лавров на прес-конференцијата на која одговара и на прашања од странски новинари.