Лавров ја навреди британската министерка Трас

by Fokus

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, на прес-конференција во Москва изјави дека средбата со британската колешка Лиз Трас била како да разговор со глуво лице.

„Искрено, разочаран сум што испадна разговор на нем со глув. Се чини дека слушаме, но не слушаме ништо. Нашите детални објаснувања паднаа на неподготвен терен. Слично како што велат дека Русија чека земјата да замрзне и да стане како камен, за тенковите лесно да можат да преминат на украинска територија. Ми се чини дека и нашите британски колеги денеска имаа такво тло, од кое отскокнаа сите факти што им ги презентиравме“, рече рускиот министер.

Поврзани новости