Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров го коментираше барањето на германското федерално обвинителство за конфискација на рускиот имот, велејќи дека раководството на земјата е „нечесно“.
– Трикстери, тоа одамна го сфативме. Порано беа политички нечесни, во смисла на откажување од договори, во однос на обидот да измамат некого. Но, сега тие се народ на крадци во буквална смисла, рече Лавров на прес-конференција по неговата посета на Тунис.
Тој истакна дека за време на „затворените контакти“ САД им објаснуваат на Европејците „како да ги променат законите“ за да го украдат рускиот имот.
Лавров додаде дека Западот се обидува да најде некои легални начини да го конфискува рускиот имот за подоцна да го искористи, меѓу другото, да и помогне на Украина. Сепак, како што оцени, Европејците се уште имаат знаци на почитување на нивните закони, па затоа одлуката за руските средства се уште не е донесена.
Во исто време, министерот рече дека Западот треба да биде свесен дека Русија ќе одговори на конфискацијата на нејзиниот имот.