Лавина во Словенија затрупа седум лица, има и повредени

by Fokus

Во популарниот ски-центар Мала Мојстровка во Словенија денеска се случи голема несреќа кога лавина „однесе“ седум лица, известија од ПУ Нова Горица, а пренесуваат Словенске новице.

Планинските спасувачи, планинската полиција и полициските хеликоптери се на терен.

Управата за заштита и спасување на својата веб-страница објави дека планинската несреќа се случила во областа Бовац во 9 часот и 35 минути, пренесува Телеграф.рс.

Според словенечките медиуми, спасувачката акција е многу напорна, а сите планински спасувачи од дури четири  спасувачки служби се повлечени Крањска Гора, Мојстране, Ратеч и Бовац за што побрзо да се извлечат од лавината седум лица, од кои најмалку тројца се тешко повредени.

 

Поврзани новости