555
Сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар е целосно во прекин, поради лавина на патот, информираше АМСМ.
Забрана за патнички возила е воведена на планинскиот премин Ѓавато.
Забраната за тешки товарни возила и автобуси уште е на сила на патниот правец Тетово – Попова Шапка. Забрана за тешки товарни возила има и на патните правци Струга – граничен премин Ќафасан, крак Маврово – Дебар, крак Стража – с. Колари и обратно, како и на планинските премини Пресека, Буково и Ѓавато.