Латас и Ивона Талевска денеска во Апелација, ќе се разгледуваат жалбите за нивен притвор

by fokus

Уредникот и бизнисмен Драган Павловиќ Латас како и новинарката Ивона Талевска денеска ќе се појават во Апелациониот суд каде ќе се разгледуваат жалбите на СЈО за неизрекување на побараните мерки за случаите „Тотал“ и „Тифани“.

Ќе се разгледуваат и жалбите за случајот „Триста“, кој се однесува за набавка на 300 полициски возила, за овој случај во судот треба да се појави помошник-министерот на МВР, Ѓоко Поповски.

Во Апелација ќе се одржи и седница за предметот „Тарифа“ во кој се обвинети три лица за злоупотреба на службена положба и овластување

Поврзани новости