Латас и браќата се прогласени за невини

by fokus

Утринава во Кривичниот суд беше соопштена пресудата за случајот „Тревник“ во кој обвинети се Драган Павловиќ Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан.

Според судијката Марија Клетничка обвинетите браќа се ослободуваат од обвинение за бесправо градење, односно не се виновни, бидејќи како што рече не сториле кривично дело според закон.

Браќата се гонеа од СЈО за градење на три викенд куќи во Зелениково, кои според обвинителството почнале да ги градат во 2011 година, а одобренијата за градба ги добиле во 2013 година.

Судијката појасни дека од суштествено значење е што никоја од институциите не реагирале, односно не утврдиле дека се градат дивоградби. Потоа објектите биле впишани, а никој не го оспорил нивното впишување во Катастиар.

-За овие објекти постои одобренија за градба од 24 јануари 2013 година, и никој не ги оспорил, рече судијката Клетничка.

На Латас и на неговите браќа, според кривичното дело за кое беа обвинети им се закануваше казна затвор од три до осум години.

СЈО има право првостепената одлука да ја обжали пред Апелациониот суд.

В.В.

Поврзани новости