Латас бара да биде прашуван за секој разговор посебно дали го водел или не

by Фокус

Новинарот Драган Павловиќ – Латас бара од судот да го праша дали го водел секој разговор од вкупно 137 аудио-материјали, што СЈО ги приложи во рамките на предметот Тревник. По презентирањето на првиот разговор, тој се обрати до судот, велејќи дека таква е европската пракса.

Исто така, Латас бара и прецизна спефцификација од СЈО од кого се примени разговорите за да се утврди неговото потекло. Тој бара и да се утврди стручна автентичност на разговорите.

-Ниту еден од овие разговори не е објавен јавно според мое сознание. Овие разговори се примени од СДСМ и ние бараме детален опис на доказите кога се примени и стручна автентичност. Бараме секоја страна да се произнесе дали учествувала во овие разговори. Беспредметно е врз основа на лична перцепција да се донесе пресуда врз основа на овие разговори која значи најмалку четири години затвор – рече Латас.

Обвинителката Фатиме Фетаи возврати дека овие прашања се веќе апсолвирани.

-На одбраната не и е јасно изгледа во која фаза од постапката се наоѓа, се наоѓаме во главна расправа. Имаа до сега можност да приговараат, ова прашање одамна се реши, поточно употребата на разговорите како доказ и нашата надлежност – рече Фетаи.

М.В.

Поврзани новости