Ласовска: Специјален поздрав до моите лавици од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

На денешната годишна Конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати претседателката на Унијата, Благица Ласовска.

-Посебен поздрав до моите лавици, членките на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, горди и храбри жени, го почна Ласовска својот говор.

Рече дека со над 50.000 членки и со 75 општински комитети на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ може да се каже дека сите овие години граделе нови политики и платформи, промовирале нови стратегии за женската политика и за родовата еднаквост.

-Живееме во тотално поделено општество, непомирено општество, едните мислат дека се качиле на врвот на планината и гледаат како да ги уништат другите, притоа заборавајќи дека тој другиот е нечии негов далечен роднина или пријател. Оттука ги повикам жените во Република Македонија на едно масовно женско обединување, порача Ласовска.

Поврзани новости