Благица Ласовска е новата претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, а Тимчо Муцунски ќе биде секретар за меѓународна соработка. Ова е одлуката Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ
Ласовска беше в.д претседателка откако неодамна Даниела Рангелова си поднесе оставка од претседателка на Унијата на жени. Таа е некогашен претседател на УЖ Свети Николе, поранешен член на Извршниот Комитет на Унијата на жени и актуелен пратеник во Собранието.
Од друга страна, Муцински е докторанд и асистент на Правен факултет на УКИМ, а во изминатите неколку години извршуваше повеќе функции во ВМРО-ДПМНЕ.
– Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ со искажаната доверба на Ласовска и Муцунски верува дека со својата посветеност и капацитет ќе ги исполнат целите и политиките на ВМРО-ДПМНЕ, соопшти партијата.