Лапорта бесен: Срам и скандал!

by Fokus

Барселона освои бод на гостувањето кај Хетафе во саботниот натпревар од 20. коло на шпанскиот шампионат, откако поведе (Жил Кунде во 9. минута) и прими израмнувачки гол (Мауро Арамбари во 34.). Со тоа му дозволи на Реал уште повеќе да се одвои во првенствениот поредок.

Претседателот на клубот, Жоан Лапорта беше бесен во својот коментар за играта.

Го мачеше ситуацијата на крајот од мечот, односно моментот во кој тврди дека требало да биде досуден пенал за Кунде.

Судијата не реагираше, а ВАР не се огласи и се заврши на најлош начин за Лапорта.

„Судењето против Хетафе беше срамно. Тоа што не се досуди пенал е скандал. Скандал. Тој збор треба да се повтори неколку пати” – изјави претседателот на Барселона.

Ова не е првпат претставниците на Барселона да се жалат на арбитражата во шпанскиот шампионат.

Кога го прават тоа, најчесто велат дека судиите носат одлуки на нивна штета и во корист на Реал Мадрид.

Поврзани новости