Лани го депортираа, годинава Австралија го пречека Ѓоковиќ со овации

by Fokus

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ емотивно го доживеа топлото добредојде од публиката на Род Лејвер арената во Мелбурн, каде пред стартот на Австралија опен одигра денеска егзибициски натпревар во хуманитарни цели со домашниот тенисер Ник Кирјос. 

Сите 15.000 влезници за дуелот меѓу Ѓоковиќ и Кирјос беа продадени за 58 минути. 

Ѓоковиќ, кој пред една година беше депортиран од Австралија, бидејќи не е вакциниран против корона вирусот, со овации беше пречекан од австралиската публика. 

„Ви благодарам многу, сега сум малку емотивен, да бидам искрен. Навистина се радував на враќањето на овој терен. Ви благодарам на сите што дојдовте“, изјави Ѓоковиќ. 

Поврзани новости