Овој викенд, односно во петок и сабота во Штип ќе се одржи 37-то издание на фестивалот на забавни мелодии ,,Макфест”. Со буџет од околу сто илјади евра, од кои над 73.000 обезбедни од Општина Штип и околу 25.000 евра обезбедени од спонзори, организаторите ветуваат добра забава и квалитетни песни.
Помеѓу музичките гости кои ќе настапат во двете фестивалски вечери, најавени се Тамара Тодевска, Викторија Лоба, „Два Бона“, Ламбе Алабакоски, Мартинијан Кириловски, Андреа Коевска, Виктор Апостоловски, Андријана Петрушовска, Пајак и Лара Иванова, Ален Исламовиќ, диџеј Боно и Кристина Димитри, Александар и Балкан Бенд, Филип Пешевски, Марија Спасовска, Дарко и како браќа, Блеа – Благица Ѕунзровска, Мелани Тарчуловска, Мила Николовска, Марија Атанасова, Јуле Николовска, Јана Спирковска, Марија Цветановска, Дејан Тасев и Деа Симичева.
Петок е вечер на нови ѕвезди и влезниците се продаваат по цена од 400 денари, додека пак во сабота ќе настапат докажани музички имиња и влезниците изнесуваат 600 денари.
Уметнички директор на фестивалот е Роберт Саздов од ,,Куку леле”, и годинава нема да има награди како во минатото, туку биле предвидени по 1.000 евра за композиција.
Вики Клинчарова