Поп музичарот Ламбе Алабакоски, кој деновиве се наде во центарот на вниманието на јавноста, откако на социјалните мрежи објави дека заминува од Македонија, односно дека оди на печалба и нема да се врати, сепак се уште е во земјава.
Неговиот настап во познатиот ресторан „Чардак“ во Неготино, кој ќе се одржи утре вечер, веќе е најавен, и љубителите на неговата музика можат да направат резервација. Тој и претходно има гостувано во истиот локал, каде редовно се одржуваат забави со познати музички имиња од домашната сцена.
Инаку, Алабакоски во својата објава дека заминува од Македонија, посочи дека од љубов не се живее, а овде имало леб само за Теа Таировиќ и сличните на неа.
-Збогум и поздрав до следно видување! Можеби ќе се опоравиш и ќе те направиме македонска целосно. Ојдов на печалба, не се вратив- напиша тој, но по некое време ја избриша објавата.
Музичарот неколку години наназад живееше во Америка заедно со сопругата и таму ги добија двата сина.
Периодов, откако се врати во родниот крај, повторно е актуелен со настапи, а ја најави и неговата турнеја во Австралија, заедно со дуото Некст Тајм, која треба да се одржи наредната година.
Турнејата ја најави и организаторот Република Ентертејнмент, но се уште се објавени точните датуми и местата каде музичарите ќе гостуваат.
Вики Клинчарова