Поп пејачот Ламбе Алабаковски ќе го има својот прв настап по случувања со потпалувањето на влезната врата на бугарскиот клуб ,,Ванчо Михајлов” во Битола, и ќе настапи на иста сцена со легендарниот Горан Бреговиќ.
Тој ќе гостува во ноќен клуб во Гевгелија утре вечер, каде свој настап ќе има Бреговиќ заедно со неговиот оркестар од 12 музичари.
Веднаш по Бреговиќ, забавата на сцената ќе ја продолжи Алабаковски, а организаторите го најавија неговиот настап како концерт по концерт.
Инаку, Горан Бреговиќ започнува во 21 часот, а пак Ламбе во еден часот по полноќ.
Влезниците за Бреговиќ се продаваат по 1.200 и по 1.800 денари за ВИП, додека за Ламбе нивната цена е 200 денари.
Алабаковски, кој беше отсутен од сцената околу седум години, бидејќи живееше во Америка, по враќањето во Македонија најави дека се враќа на естрадата. Ден пред да го потпали клубот пееше на Фолк Фест Валандово.
По настанот, поради кој беше приведен и помина осум дена во домашен притвор, а сега му е одземен пасошот, неговата популарност значително порасна. Пред неколку дена самиот се пофали на својата официјална страница дека има нови 10 илјади следбеници.
Неговото име е и на предлог листата за музички гости на Пивофест Прилеп, но официјално, кој ќе настапува таму, ќе биде соопштено наредниот период.
Вики Клинчарова