Ламбе Арнаудов е кодош-провокатор или лицемер, прашува Георгиевски

by Фокус

Поранешниот премиер и актуелен лидер на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски, реагираше во однос на гостувањето на неговиот поранешен сопартиец и пријател Ламбе Арнаудов на ТВ Алфа.

„Мојот поранешен пријател, барем 25 години со кој понекогаш поминувавме и цели денови, по шести пат и најотровно на ТВ Алфа удри по бугарофилите и бугарските предавници! Го гледам и се прашувам, тоа истиот ли е Ламбе што 25 години зборува за општата историја со Бугарија, за неговото бугарско чувство, против србоманите во Македонија. За дедо му, за татко му заради чие јавно декларирање за Бугарин живееле во тешко сиромаштија.

За тоа како бил најдобар по математика ама учителите не му ставале 5 оти семејството му се декларирале за бугари. Ламбе кој се гордееше со ќерка му оти јавно се расправала со учителка за фалсификатите по историја. Во минато многу вмровци добија етикета бугарофили, но ниту еден немаше толку голема потреба да зборува за општата историја како Ламбе, тој зборуваше во секоја пригода за тоа и го убедуваше секого“, пишува Георгиевски на фејсбук.

На крајот, тој прашува: што е Ламбе Арнаудов – некогашен кодош-провокатор или денешен лицемер?

Поврзани новости