Од денешна перспектива сум среќен што го запалив бугарскиот клуб во Битола „Ванчо Михајлов“, изјави пејачот Ламбе Алабаковски во изјава во гостување во „Бомбакис поткаст“, пејачот рече дека бил среќен и радосен за направеното.
-Кога ќе имаш такви чувства, собрани повеќе години во себе од љубов спрема татковината и гледаш како се случуваат неправди, тоа беше кулминација на сите чувства, патриотски, кои сите во нас ги имаме, но не ги искажуваме. Не толку експлицитно. Сите ги имаме и ги искажуваме на различни начини. Тоа е тоа, наплив на емоции. Да не ја должам темата. Од денешна перспектива сум многу радосен и среќен од тоа што го направив, бидејќи на крајот од денот, сега после толку време, сето тоа излезе во полза за нашиот народ – дека никој не смее да те провоцира во сопствениот дом и да ти поставува ултиматуми, изјави пејачот Алабаковски.
Пејачот лани летото, во јуни беше уапсен за подметнување пожар во културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола, а беше осуден на условна казна од шест месеци. Алабаковски за време на истрагата го призна делото, а условната осуда е со утврдена казна затвор во траење од шест месеци, доколку во период од една година не стори ново кривично дело. По пресудата, на пејачот му се вратени двата пасоша, македонскиот и американскиот.
На 22. март, годинава, Централниот регистер на Македонија објави дека клубот „Иван Михајлов“ е избришан од регистарот.