„Најголемата радост годинава е признанието на советникот во Град Скопје од редовите на Мицкоски, Стефан Кирков кој јасно и гласно од говорница вчера призна дека кога ќе се смени градоначалничката Арсовска, ќе ги одблокираат претпријатијата и така Лајка и сите претпријатија ќе профункционираат.
“Убаво советнику што ќе ги одблокирате претпријатијата само ако ваш послушник има за градоначалник, ама не ќе беше лошо на јавноста да и кажете дека ефикасното функционирање на ЈП Лајка е попречено поради долговите кои ВАШИТЕ градоначалници од ВМРО ДПМНЕ не ги плаќаат веќе 3 години иако за тоа имаат обврска“, велат од ЈП „Лајка“ како реакција на вчерашниот говор во Советот на Град Скопје на советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков.
Од скопското јавно претпријатие информираат дека годишно секоја од скопските општини има обврска да исплати по два милиони денари за ЈП “Лајка“, а тие тоа не го прават. Како за пример од вкупно 10 општини во 2022 година средства исплатиле само 3, а за да има резултати „Лајка“ треба да постапува во сите 10 општини и досега долгот од општините кон ЈП “Лајка“ е 22 милиони денари.
-Ако сите општини си ги исполнуваат обврските, претпријатието ќе биде уште поефикасно. За жал сега штетата за каснување на територија на овие општини ја плаќаат ЈП „Лајка„ и градот Скопје, а општините своите финансиски обврски не ги исплаќаат. Доколку сите 10 скопски општини си ги плаќаат обврските, претпријатието ќе работи сигурно и одржливо, а со тоа би се решил и проблемот со исплаќање оштети за каснување од бездомно куче, наведуваат меѓу другото од „Лајка“.