Лајка бара донации од топли прекривки за кучињата

by Fokus

Јавното претпријатие за хуман третман и благосостојба на кучињата – Лајка, Скопје, бара донации од топли прекривки за кучињата кои се таму згрижени. Како што информираат, доаѓаат ладни денови, па граѓаните кои имаат стари прекривки, наместо да ги фрлат, можат да ги донираат.

-Итно ни се потребни: ќебиња, прекривки, јоргани, чаршафи, пешкири…

Започна зимата и на нашите кучиња им е потребно да лежат на суви и топли прекривки, доколку сте во можност да донирате, ве молиме направете го тоа и направете им ги нивните денови потопли.

Доколку во вашите домаќинства имате некои од овие горенаведени работи, а се застарени и неупотребливи, не ги фрлајте, донирајте ги во ЈП Лајка, бидејќи се повеќе од потребни за кучињата кои го поминуваат хуманиот третман- истакнаа од претпријатието.

Порачаа доколку граѓаните кои сакаат да донираат не се во можност да ги донесат во прифатилиштето на ЈП Лајка, да ги контактираат во порака на социјалните мрежи за нивно превземање.

Инаку, Лајка е јавно претпријатие основано од Град Скопје кое извршува дејност од посебен јавен интерес за хуман третман на бездомни кучиња и воспоставување на систем за контрола на популацијата на кучиња. Таму се третираат и се згрижуваат бездомни кучиња и се иницира нивно вдомување, со цел да се намали бројот на бездомни кучиња.

Вики Клинчарова

Поврзани новости