451
Специјалниот претставник на Европската унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, изјави дека Бриселскиот договор е ратификуван од косовскиот Парламент – „со тоа станува меѓународна правна обврска за Косово“.
„Разбираме дека тоа прашање е чувствително за Владата на Косово, но обврските мора да се исполнат“, рече Лајчак во интервју за „Политика“, одговарајќи на прашањето зошто се уште не е формирана Заедницата на српски општини.
Како што наведе тој, „ставот на ЕУ и САД и другите меѓународни партнери е дека секое натамошно одложување е неприфатливо“. Лајчак додаде дека ЕУ во моментов работи на два колосека за да продолжи дијалогот меѓу Белград и Приштина.