Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина денеска, по новата рунда дијалог во Брисел, најави дека е договорено разговорите да продолжат следниот понеделник.
Тој на социјалната мрежа „Х“ напиша дека лидерите ќе треба да се позанимаваат со Договорот за нормализација на односите меѓу Србија и Косово.
„Бев домаќин на двајцата главни преговарачи за да разговараат за имплементацијата на Договорот за патеката на нормализација и други прашања, вклучително и влијанието на одлуката за плаќање во готовина. Се договоривме да продолжиме со ова прашање следниот понеделник, додека Договорот ќе треба да се реши до лидерите“, рече Лајчак.
Hosted the two Chief negotiators to discuss implementing the Agreement on the Path to Normalisation and other issues, incl. the impact of the decision on cash operations. We agreed to continue on this issue next Monday, while the Agreement will need to be addressed by the leaders pic.twitter.com/y6B6P42h0g
— Miroslav Lajčák (@MiroslavLajcak) March 19, 2024
Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, изјави за новинарите дека српската делегација инсистирала денеска да се формира Заедница на српските општини, нагласувајќи дека проблемите мора да се решаваат со дијалог, а не со унилатерални мерки.
Вицепремиерот на Косово, Бесник Бисљими, пак, рече дека до петок Косово и Србија ќе испратат предлози за решавање на проблемот со динарот и оти очекува да разговараат следната недела.