277
Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак вели дека вчерашниот инцидент во Косово е длабоко загрижувачки и е во спротивност со принципите на мирот и соработката.
-Овој страшен напад дополнително ја нагласува неопходноста од превентивна дипломатија и дијалог, што беше нагласено минатата недела за време на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, напиша Лајчак на Фејсбук.
Тој додаде дека во наредните денови ќе се фокусира на „изнаоѓање пат напред“.