Лајчак: Нема можност за прелевање, но кризата во Косово негативно влијае на регионот

by fokus

Специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, во интервју за телевизија 24, за време на Преспа Форум Дијалог на 15ти јуни, порача дека се чувствува тензија во регионот, иако нема можност конфликтот да се прелее и во останатите држави на Балканот.

-Атмосферата е многу важна. Сакаме да имаме атмосфера на соработка, да се фокусираме на нормализирање на односите меѓу Косово и Србија, да се фокусираме на европските интеграции. Наместо тоа ние повторно сме зафатени со кризен менаџмент. Тоа не е добро за регионот. Нема ризик од прелевање во физичка смисла, но политички, ментално, психолошки, веќе има негативно влијание врз остатокот од регионот, порача Лајчак, во интервју за телевизија 24.

Поврзани новости