Кога станува збор за регионот на Западен Балкан, гледам четири предизвици. Најнепосреден е Северна Македонија и Албанија што поскоро да ги започнат пристапните преговори со ЕУ.
Најсериозен проблем е кризата во БиХ. Предизвик од најголема стратешка важност е нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина, изјави за аудио подкастот на бањалучкиот портал Бука специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Србија-Косово и други балкански прашања, Мирослав Лајчак.
– А предизвикот што мислам дека е најсуштински е прашањето каков ќе биде Балканот. Ќе има ли Балкан кој ги споделува европските вредности, кој промовира демократија и владеење на правото, кој се бори против корупцијата и кој има независни медиуми и граѓанско општество?
Или ќе добиеме општества во кои нема ништо од тоа, а да имаме некаква авторитетна влада без почитување на европските вредности. Овој натпревар се случува токму сега додека разговараме и мислам дека е многу важно и ЕУ и земјите од регионот да се приклучат не само административно, туку пред се според заедничкиот систем на вредности, потенцира Лајчак.