Владата на Христијан Мицкоски покажа тотална неспособност до тој степен што месец дена по усвојувањето на ребалансот уште не се објавени програмите и не се исплатени субвенциите, велат од СДСМ.
„Селективните и нередовни субвенции и долгови кон земјоделците се одлика на времето на ДПМНЕ. Тие тоа го паметат. Во 2017 , а не денес, субвенциите за земјоделците се исплаќаа на два дена пред избори и се доцнеше 4, 5 па и 6 години. Пример во 2017, Владата на СДСМ исплаќаше субвенции и огромни долгови за 2012 и 2013 година.
Лага е дека ќе се исплаќаат субвенции од претходните 4 години. Денес , со една милијарда од ребалансот нема да се исплаќаат долгови за претходни години туку субвенции по тековни барања од 2023 година.
Агенцијата задолжена за исплата јавно нека ги објави и информира за која програма односно година се потрошени парите од овој ребаланс“ наведуваат од опозициската партртија.